Korona Dental

stomatologija, stomatoloski uslugi i dejnosti

Operating as usual

Светлина во секој дом, здравје, благосостојба, верба и среќа.

Христос се роди.
За многу години Божиќ.

Бидете умни и во 2021год, држете физичка дистанца и грижете се за Вашето и здравјето на Вашите најблиски.

Среќна Нова Година Ви посакува тимот на Корона Дентал 🎄☃️🥂🦷

We wish that this Christmas tree is part of every home!

Ви посакуваме оваа елка да го краси сечиј дом!

Smile makeover of the week

Θερμές ευχές!

Σε όλους τους φίλους και τους αγαπημένους πελάτες μας,
Καλά Χριστούγεννα και καλές γιορτές! Φέτος ήταν ένα μάθημα που δεν πρέπει να θεωρούμε δεδομένη την υγεία μας. Φροντίστε την υγεία σας και φροντίστε ο ένας τον άλλο! Θερμές ευχές! Δική σας, oδοντιατρείο Korona Dental.

Само стоматологот знае што кријат вашите заби!

Вие прашувате, ние одговараме на најчесто поставуваните прашања за импланти.

👉 Кои се ризик факторите за поставување импланти?

👉 Какво е чувството кога имплантите се веќе поставени ?

👉 Која е разликата помеѓу импланти и мостови?

👉 Како се продолжува нивниот век на траење?

👉 Кој е оптималниот број на импланти за горна и долна беззаба вилица?

👉 Како целокупното здравје дирекно влијае врз одлуката за поставување импланти?
https://koronadental.blogspot.com/2020/12/most-common-questions-regarding-dental.html

Да го исполниме денот со квалитетна содржина! Неколку интересни факти за забите и потсетник да ги чуваме и негуваме.🦷🧏‍♀️😁

📌Short reminder on do's and don'ts regarding oral hygiene. Have a nice day and keep on smiling 😁

youtube.com

What causes cavities? - Mel Rosenberg

Дали знаете што се случува со забите кога внесувате храна и пијалаци што содржат шеќер?
Ова кратко и информативно видео сликовито ќе ви објасни како бактериите во усната шуплина што се хранат со шеќерот кој го внесуваме, го нагризуваат емајлот на забите и продираат подлабоко во цврстите и меките ткива.

youtube.com View full lesson: http://ed.ted.com/lessons/what-causes-cavities-mel-rosenberg When a team of archeologists recently came across some 15,000-year-old human r...

Today is the International Day of Persons with Disabilities. We are celebrating it
#personswithdisability
#internationalday
#inclusion
#centarmajkatereza

The journey of a perfect smile

"The best way to make children good is to make them happy" - Oscar Wilde
20.11 - Happy National Child Day

Have you ever wondered how tooth nerve looks like?
Have a safe and productive week!

Денес е светски ден против дијабетесот. Дознајте како оваа болест влијае врз оралното здравје!

Сигурно се прашувате каква допирна точка постои помеѓу дијабетесот и оралното здравје. Неконтролираниот дијабетес значително го зголемува ризикот од заболување на гингивата и забите.
Кај дијабетичарите, најчесто се појавуваат следните проблеми:
- кандида (габична инфекција во устата)
- парадонтопатија (воспалување и уништување на потпорниот апарат на забот)
- губење на забите поради ненавремено лечење на парадонтопатијата
- сува уста
- кариес
- инфекција на јазикот (glossitis)
- непријатен мирис на усната шуплина (fetor ex ore)
- тешко заздравување на рани

Нивото на шеќерот кај дијабетичарите не е зголемен само во крвта, туку и во плунката. Тоа доведува до нарушување на PH вредноста и плунката преминува од неутрална во кисела.
Намаленото излачување на плунка кај дијабетичарите овозможува подлога за развој на габична инфекција (candida albicans) која доведува до појава на црвенило и бели наслаги.
Во случај на парадонтопатија е уште потешко да се лечи дијабетисот бидејќи како и секоја инфекција, ја влошува контролата врз дијабетесот па затоа е важно веднаш да се лекува. Постојат истражувања кои укажуваат на поврзаноста помеѓу парадонтопатијата и неконторолираниот дијабетис (тип 1 и тип 2) што докажува дека станува збор за сериозен здравствен проблем. Исто така, доколку дијабетесот не се лекува навремено, истиот ја влошува состојбата на веќе започнатата парадонтопатија.
Заради постоењето на ризик за намален имунитет, бактериите во усната шуплина доведуваат до појава на разни воспаленија. Слузокожата е сува, црвена, потечена и многу осетлива. Гингивата крвари и на најмал притисок. Воспаленијата од овој тип, брзо напредуваат и доведуваат до појава на гингивитис па парадонотпатија и губење на косеното ткиво.
Кај дијабетичарите најчесто здивот мириса на ацетон а заради киселата средина во усната шуплина, се развива кариес и појава на гингивални заболувања. Затоа е потребна поинтензивна орална хигиена, а тоа значи миење на забите по секој оброк и користење на забен конец или интердентална четка за да се отстранат меките наслаги помеѓу забите како и употреба на антисептик.
Постојат неколку превентивни мерки кои треба да ги преземете за да го заштитите оралното но и општото здравје. Како на пример:
• секојдневна и темелна орална хигиена
Дијабетичарите спаѓаат во групата на пациенти со кревко орално здравје, заради лековите кои ги примаат како и самата природа на болеста, па затоа и треба да обрнат големо внимание на правилно и редовно одржување орална хигиена.
• често внесувајте мали количини на вода
Чувството на жед е уште една карактеристика својствена за дијабетичарите. Со внесување на мали а редовни количини на вода, не само што се надокнадува недостатокот на плунка, туку се ублажува и киселата средина во устата.
• редовно чистење на забни наслаги и посета на стоматолог
Нормално, отстранување на меки и тврди забни наслаги кај стоматолог се препорачува еднаш во шест месеци, но дијабетичарите се советуваат да го посетат стоматологот почесто т.е еднаш во три месеци.
• вашиот стоматолог мора да знае дали сте дијабетичар и кои лекови ги примате
• редовно вршете самоконтрола на оралното здравје
Доколку приметите дека гингивата поцрвенува или крвари додека ги четкате забите или користите забен конец, веднаш консултирајте се со вашиот стоматолог.

docs.google.com

Знаете ли како се одржува правилна орална хигиена?

Proverete go vaseto znaenje za odrzuvanje zdrava nasmevka

Timot na Korona Dental postoi za Vas

docs.google.com Решетe го краткиот квиз и дознајте!

Почитувани клиенти, тестирањето за Ковид 19 во ПЗУ Корона Дентал отсега па натаму ќе премине во редовна пракса.
Вашата здравствена состојба е наш приоритет, a колективното здравје - општествена одговорност.
Подоборо е да се спречи отколку да се лечи!
Тестирањето се врши во нашата ординација, а резултатот е готов за само 15 минути.

Лоши навики во детска возраст – причина за ортодонски проблеми

Кратко, информативно интервју со Д-р Добрила Кангова, доктор по општа стоматологија, во ПЗУ Корона дентал

Нормален и правилен раст и развој на лицевите и виличните структури почнува уште од најрана возраст со никнување на првите млечни заби, правилна функција на мускулите, околните меки ткива и виличниот зглоб.
Секоја отстапка од ова допринесува за нарушување, а и до подоцнежни ортодонски проблеми.

Кои се најчести фактори за ортодонски неправилности?
Најголем процент на ортодонски аномалии се наследни, особено оние кои се врзани со скелетни проблеми, вилици, коски.
Проблеми настануваат поради неправилни функции, постоење на лоши навики, рано вадење на млечни заби, или присуство на некоја траума.

Што се подразбира под лоши навики во детска возраст?
Присуство на штетна навика кај детето во период кога интензивно расте, може да предизвика ортодонска неправилност.
За до кој степен ќе се формира неправилноста зависи од тоа колку често се јавува или повторува лошата навика, интензитетот и временскиот период врзан со возраста на детето.
Лоши навики се цицање на прст, цуцла, разни предмети, шмукање на долна усна, тискање јазик, со што се избуткуваат забите напред.
Друга лоша навика или нарушување може да биде и начинот на дишење. Многу е важно дали детето дише на нос или уста. Дишењето на нос е вродена рефлексна функција, нормална за секоја индивидуа, меѓутоа дишењето на уста дава нарушена рамнотежа на сите мускули, јазикот, непцето, па и на забите. Може да се појави отворен загриз, избуткување на забите нанапред, тесна вилица, млитаво лице.

Дали сите горенаведени лоши навики, имаат последици врз други функции кај децата?
Да, се разбира. Поставеноста на забите има огромна улога во начинот на исхрана, говорот, правилниот раст и развој.
Говорот, на пример, како сложена невромускулна активност, има голема поврзаност, со начинот на дишење, лошите навики, поставеноста на забите, бидејќи сите гласови се формираат во устата.
Во последните години како тренд се наметнува се подолгото користење на блендирана храна.
Со самото тоа се придонесува за недоволно развивање на џвакалниот систем, млитавост на мускулите, јазикот, таложење и налепување на дентален плак на забите, а со самото тоа до рана појава на кариес и рано губење на забите.

Значењето на оралната хигиена врз оралното здравје - кратко интервју со Д-р Тане Касапов, стажант во Корона Дентал

Што претставува оралната хигиена и какво е нејзиното значење?

- под поимот орална хигиена се подразбира низа од мерки и постапки превземени од секој поединец со цел спречување на појавата на заболувања како на денталните цврсти ткива така и на оралните меки ткива. Оралната хигиена е всушност есенцијална во остварувањето на крајната цел, а тоа е елиминација на денталниот плак, а со тоа и елиминација или супресија на патогените микроорганизми.

Што поразбираме под поимот дентален плак?

- денталниот плак е стекната наслага која во најголем дел ја сочинуваат колонии од бактерии цврсто прикрепени за површината на забот. Денталниот плак клинички се дефинира како резилиентна структура што адхерира на интраоралните тврди површини.

Како да постигнеме идеална орална хигиена?

-правилната орална хигиена се постигнува со отстранувањето на денталниот плак и тоа преку механичка плак контрола и преку хемиска плак контрола. Механичкото отстранување на денталниот плак се состои од користење на:

1. Четка за заби

2. Паста за заби

3. Интердентални средства за хигиена во кои спаѓаат забен конец, интердентална четка како и апарат за воден млаз- Waterpik

Хемиската контрола на плакот пак во себе вклучува органски и неоргански хемиски материи кои ја инхибираат акумулацијата, растот и преживувањето на микроорганизмите и созревањето на плакот. Во оваа група на средства спаѓаат антиатхезиви, анатимикробни средства и антипатогени средства кои за потрошувачите доаѓаат во форма на водички за плакнење(испирање на уста), спреј, ириганси како и во гуми за џвакање (без додадени шеќери) .

Кој е вашиот совет за правилно спроведување на хигиената во устата?

- според мене идеална хигеиена во усната шуплина може да се воспостави само со комбинирање на механичките и хемиските методи на плак контрола. Препорачувам континуирано секојдневно четкање на забите два пати дневно, наутро и навечер, со правилна техника на четкање (препорачувам Bass-ова техника), доколку истото се прави почесто и во текот на денот тоа да биде најмалку 30 минути по земањето на храна, за да се одбегне штетното абразивно дејство на храната при четкањето. Задолжително користење на дентален конец или интердентална четка, како и водички за испирање на уста со консултирање со вашиот стоматолог.

Висока е цената за негрижата на вашите заби.

Ви благодариме на довербата.
Тимот на Корона Дентал 🦷🎂

Поврзаноста на здравјето помеѓу млечните и трајните заби – кратко интервју со Др. Ана Колева Богатинова

Зошто е важно здравјето на млечните заби и како истото влијае врз развојот на трајните?
Правилната хигиена, здравата исхрана и редовниот стоматолошки преглед се клучни фактори за здрави заби. Оддржувањето на оралното здравје е навика која треба да се стекне и применува уште од мали нозе. Кариесот е појава не само кај трајните туку и кај млечните заби и доколку истиот не се лекува навремено може да дојде до оштетување на млечниот заб, предвремено вадење (екстракција) или пренесување на инфекција кај трајниот заб. Млечните заби се важни за правилнo џвакање и обработка на храната, важат и за водачи на трајните заби за нивно правилно позиционирање во усната шуплина, го артикулираат говорот и се слика за општото здравје.

Чести грешки поврзани со здравјето на млечните заби кај децата?
Генералното размислување дека млечните заби немаат влијание за развојот и здравјето на трајните заби, за жал сè уште е застапено. Треба сите заедно да работиме и се стремиме да го промениме таквото размислување. Првиот преглед кај стоматолог се препорачува не подоцна од 6 месеци по никнувањето на првиот заб со цел да се следи растот, развојот и здравјето на забите, а не откако ќе се појави кариес или забоболка . Исто така, честа пракса е пиењето млеко во кревет или заспивање со засладена цуцла што доведува до хранење на бактериите во усната шуплина кои придонесуваат до нагризување и деминерализација на забите. Важно е да напоменам дека во текот на ноќта излачувањето на плунката која функционира како природен исплакнувач е минимална, па затоа и треба да се избегнува горе наведената пракса. Засладената храна, газираните сокови, бомбони, карамели и секој вид на ужина која се лепи за забите треба да се избегнува. Оралната хигиена е клучен фактор за здрави заби, а честопати е запоставена, неправилна или нередовна.

Кои се вашите совети?
Најпрвин би потенцирала дека редовна, правилна и темелна орална хигиена е од клучна важност за здравјето на забите. Им препорачувам на сите да не го избегнуваат редовниот преглед барем еднаш во шест месеци превентивно, како и да внимаваат на исхраната. На пример, заменете ја вештачки засладената храна со јаболко, тоа е природен чистач на забите бидејќи ги неутрализира штетните киселини. Заменете го млекото за заспивање на детето со вода и создадете навика заедно да ги миете забите наутро и навечер. Одберете правилна четка за заби и паста со флуорид прикладна за возраста на вашето дете или стерилна газа натопена во вода доколку е доенче.

linkedin.com

What is dental bruxism?

Few words on dental bruxism...

linkedin.com Dental bruxism is commonly known as excessive teeth grinding through jaw clenching which wears off the tooth enamel and the dentin. There are two types of bruxism: nocturnal bruxism – occurs during sleep and awake bruxism – occurs during wakefulness.

Stay bright and positive 🦷☔🌦

travel.gov

Dear patients,

We would like to inform You that from the 22nd of July, new rules to enter our country are applicable in regards with the Covid 19 virus precautionary measures.
Each patient prior its check up and departure from Greece, should fill in a PLF form on Protocol for Arrivals in Greece - travel.gov.gr and follow the website's instructions.
Should you need any further assistance do not hesitate to contact us.

- 6985723139
- 0038934550408
- 0038970839410

Sincerely yours,

Korona Dental

Αγαπητοί μας πελάτες;

Εκ μέρους της Corona Dental, θα θέλαμε να σας ενημερώσουμε ότι από τις 22 Ιουλίου ισχύουν νέα μέτρα εισόδου στη χώρα για προστασία από το Covid 19. Κάθε ασθενής πριν έρθει στην εξέταση, πρέπει να συμπληρώσει την ηλεκτρονική φόρμα (PLF) για έξοδο και είσοδο στην Ελλάδα.
Λεπτομέρειες θα βρείτε στον ακόλουθο ιστότοπο Protocol for Arrivals in Greece - travel.gov.gr.
Για να κλείσετε ραντεβού καλέστε στα τηλέφωνα
- 6985723139
- 0038934550408
- 0038970839410

Σας ευχαριστούμε για την κατανόησή σας.

travel.gov

[05/14/20]   Почитувани пациенти

Ве известуваме дека Корона Дентал започна со работа од 13.05.2020, со работно време од понеделник до петок од 10:00-16:00.
Teрмините строго да се закажуваат телефонски, на броевите:
034/ 550-408
070/839-410

Во услови на пандемија, ги приземаме сите безбедносни протоколи за работа со пациенти, придржувајќи се до препораките за работа што ни ги дозволува Министерство за Здравство.

Пзу Корона Дентал

Среќни Велигденски празници

Happy Easter 🐣

Среќен ден на сите припаднички од понежниот пол.
Ви посакува тимот на Корона Дентал

Happy Valentine's day

Честит Св. Трифун

Среќна и бериќетна 🎅

Среќен Божик.
Kαλα χριστουγεννα.

Ви посакува тимот на Корона Дентал.

[07/09/19]   Корона Дентал вработува доктор по стоматологија.
Кандидатите потребно е да имаат завршено стоматолошки факултет, положен државен испит, со работно искуство од најмалку три години.
Предност имаат кандидатите со познавање на грчки јазик.

CV може да испратите на [email protected]

Want your business to be the top-listed Dentist in Gevgelija?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Θερμές ευχές!
Bill and Tony - Dentist
Најсовремената опрема во регионот.

Location

Category

Telephone

Address


Bulevar Gevgelija 12
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00
Other General Dentists in Gevgelija (show all)
Denticija Denticija
Deko Kovacev 95 A
Gevgelija, 1480

Dental Clinic “Denticija“ Dr. Rashela Petkovska, Gevgelija

Primadent Primadent
Bulevar Gevgelija 31G
Gevgelija, 1480

Οδοντιατρικη κλινικη - Γεβγελη Οδοντιατρικη κλινικη - Γεβγελη
Маршал Тито 191
Gevgelija, 1480

ΟΔΟΝΤΙΑΤΡΙΚΗ ΚΛΙΝΙΚΗ ΝΕΑ ΔΕΝΤΙΚΑ - ΓΕΒΓΕΛΗ +38978670773 +6980771049 ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΣ ΤΑΣΕΒΣΚΗ ΑΚΡΙΤΙΔΗΣ

П.З.У Ма-Џо Дент П.З.У Ма-Џо Дент
Zeleznicka Bb
Gevgelija, 1480

Dental center Madzo Dent all in one place dental oral surgery prosthetic dentistry and dental techinians...Welcome and enjoy with our team of professionals

EDG implant ME EDG implant ME
Bul. Gevgelija, 7D
Gevgelija, 1480

implantME.com - All about dental implants DISTURBING PHOTOS (NOT SUITABLE FOR CHILDREN) !!!

About   Contact   Privacy   FAQ   Login C