PZU Dental Art Plus

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from PZU Dental Art Plus, General Dentist, Bitol.

Operating as usual

Почитувани пациенти,

Ве известуваме дека од 18.05.2020 П.З.У. ,, Дентал Арт Плус" ќе започне со работа, по строго утврдени протоколи и во согласност со мерките и препораките за заштита на здравствените авторитети во државата.

Од наша страна се преземаат сите највисоки безбедносни стандарди, во интерес на здравјето на секој еден пациент.
Ве молиме, доколку имате потреба од преглед и/или интервенција, задолжително закажете на тел. број 078 689 204 , при што ќе ви биде даден термин, со цел да се избегне гужва или присуство на повеќе од едно лице во чекалната. Ве молиме посетата кај стоматолог да биде без придружба освен во случаи на деца под 14 години или стари изнемоштени лица, како и да се почитува долу наведениот протокол.

Ви благодариме за довербата која ни ја укажувате!

Со почит,
ПЗУ Дентал Арт Плус

[03/15/20]   Почитувани пациенти!

Ве информираме, согласно мерките и препораките на Владата на Р.С.Македонија, и во интерес на јавното здравје од 18.03.2020 ПЗУ "Дентал Арт Плус ќе работи само со пациенти со итни случаи со предходна најава на телефон бидејќи ние стоматолозите сме една од нај ризичните групи за ширење на вирусот.Сите пациенти кои имаат итен и неодложен проблем можат слободно да се обратат на телефон 078-689-204
Сите закажани термини ќе ги одложиме по завршување на мерката од Министерство за здравство.
Да останеме дома и да се заштитиме од потенцијален ризик!!!

Со почит, ПЗУ Дентал Арт Плус.

Srekna nova godina i veseli praznici mnogy zdravje ljubov i nasmevki !!!

Srekna nova godina na site nasi prijateli! Veseli praznici so mnogy zdravje sreka i ljubov vi posakuva Dental Art Plus!

PZU Dental Art Plus's cover photo

British Society of Periodontology

https://www.facebook.com/BSPerio/videos/1288731591154512/

Here's a glimpse of our rolling ad campaign that is appearing at Westfield Shopping Centre in London this week - we filmed the public's response to it yesterday on Gum Health Awareness Day #howsyoursmile

Atlas da Saúde

https://www.facebook.com/atlasdasaude.pt/videos/1222044044479114/

Promenite sto se slucuvaat pri zaguba na zab!

Sabe o que acontece quando perde um dente?

Make your smile signature accessory !

[02/26/16]   Shine and glow ! Profesionalno belenje na zabi..! Zakazete na tel 078-689-204 Dental Art Plus

New week ,new day, new chance..love yourself,love your smile !

Photos from PZU Dental Art Plus's post

When work is a pleasure,life is joy! When work is duty , life is slavery!

Јазикот на здрава личност е розеникав, мазен, сјаен и покриен со тенок белкаст слој. Мек е, а на допир - кадифест.

Јазикот зборува за здравјето

Слузницата на јазикот е градена од клетки кои брзо се обновуваат додека се џвака. Луѓето кои во својата исхрана консумираат претежно готвени јадења, кои не се абразивни и не содржат премногу влакна, имаат јазик со посветла боја од оние кои јадат повеќе зеленчук, овошје, житарици и месо. Покачената телесна температура, габичните заболувања, проблеми со дишењето, недостаток на витаминот Б12 или железо и други тегоби се манифестираат со промена на бојата и изгледот на јазикот.



Темна боја

Папилите на јазикот се издолжени и темни, јазикот не е болен на допир ама е леплив. Темната боја најчесто е последица на прекумерната употреба на антисептични средства, антибиотици или пушење. Погрешно ја поврзуваат со габична инфекција. Доволно е со четка за заби силно да се протрие јазикот и да се поттикне луштењето на темниот слој. Некогаш се препорачува проплакнување со специјални средства на база на ретиноид.

Бел слој
Леплив јазик и покриен со дебел бел слој е знак за отежнато и забавено обновување на клетките од слузницата на јазикот. Најчесто овие промени се јавуваат при покачена телесна температура или лесна настинка. Но, овие промени можат да укажат и на желудочни или цревни промени. Состојбата моментално се подобрува со четкање со четка за заби.

Како јагода
Јазикот најпрво е покриен со бел слој, а само врвот му е црвен во форма на буквата V, а по неколку дена целиот јазик е просеан со црвени пеги. Причина може да биде шарлах, детска болест предизвикана од стрептокок. Ако станува збор за шарлах потребна е антибиотска терапија.

Сув јазик
Нема сјај и ако јазикот го допрете со пластичната дршка од четката за заби ќе осетите дека лепи. Сувоста на јазикот е чест проблем, а многу често и причина да се посети доктор, но најчесто е последица на земање некои видови лекови (психотропни, антидепресиви, диуретици). Овој проблем често го имаат и оние кои спијат со отворена уста. Сувиот јазик е знак на општа дехидратација на целиот организам или пореметено лачење на плунковите жлезди како резултат на ослабнат имунитет.

Просеан со флеки
Белите флеки се по целата површина на јазикот и се отстрануваат ако ги исчеткаме. Овие флеки, иако исчезнуваат, не треба да се потценуваат бидејќи можат да бидат знак за воспаление кое го предизвикува габа од родот Кандида, најчесто после лекување со антибиотици. Лесно се лекува со антимикотици.

Бели меурчиња
Јазик со меурчиња од кои излегува прозирна течност е симптом за инфекција со Херпес - вирусот. Најчесто се приметува кај деца, а сето ова е многу болно и пропратено е со покачена температура. По лекувањето можни се рецидиви и тоа најчесто на непцето и усните

Болни улцерации
Афтите можат да се појават на повеќе места на јазикот, светли се, округли, со правилна форма, ограничени со црвен раб и се болни. Помага течност за плакнење на усната шуплина, но ако не помине за една недела потребно е да се јавите на доктор бидејќи афтите покрај што можат да се јават заради лоша хигиена или да се од вирусно потекло, можат да бидат симптом на друга болест.

Одржувајте хигиена
По темелното миење на забите од корист е да се исчетка и јазикот, да се отстранат наслагите и да се поттикне обновувањето на клетките од слузницата на јазикот. Ова е корисно бидејќи јазикот е изграден од многу набори кои се погодни за размножување на микроорганизми. Секоја промена на боја, изглед или појава на болка е некоја порака на организмот дека нешто се случува. Но, ако и покрај препораките на матичниот доктор во текот на наредните 7 дена промените и понатаму се присутни, треба да се јавите на стоматолог или дерматолог, а понекогаш е потребна помош и од оториноларинголог.

Како најповршна стуктура која го штити забот е глеѓта или емајлот на забот која впрочем претставува и најцврсто ткиво во човековиот организам. Ако кариесот го помине овој слој многу полесно поминува и прогредира во вториот слој. Под глеѓта се наоѓа втор слој на минерално ткиво таканаречен "дентин" кој по својот состав е многу поблизок до коскеното ткиво. Дентинот е многу помалку отпорен на хемиски и термички дразби кои се секојдневие во оралната шуплина.
Во срцевината на забот се наоѓа комора во која е сместена
пулпата односно нервот и крвните садови кои го исхрануваат и инервираат забот.
• Анатомски забот се состои од видлив дел наречен коронка, потоа врат на забот кој во нормални околности е прекриен со гингивал т.е околното непце; и како трет анатомски дел е коренот кој е сместен во коскена чашка наречена алвеола;
• Потпорни елементи на забот се: периодонтален лигамент кој го спојува забот со коската, коскената алвеола т.е чашка и околното непце.

Доволно е забите да се мијат 2 пати дневно, наутро и навечер, во времетраење од 3 до 5 мин. На секои три месеци, четката треба да се заменува со нова. Уште подобро е ако се користат 2 четки, едната за наутро, а другата за навечер.

Чистете ги забите со бавни кружни движења
За жал, повеќето луѓе ги четкаат своите заби неправилно, поточно користат хоризонтални движења. Запомнете: четката се држи под агол од 45 степени према линијата на непцата. Правете бавни кружни движења, внимавајќи притоа врвот од четката да го задржите на едно место. На секој заб треба се задржите околу десетина секунди.
Со бавни кружни движења се чистат лабијалните (надворешни) површини на забите. Подолгите снопчиња достигаат во просторот меѓу забите.
На ист начин чистете ги и оралните (внатрешните) страни на забите. Со движење на четката во правец напред – назад се чистат џвакачките површини на горните и долните катници.

ПРЕПОРАКА: Користете интердентални четки!
Кога забите се мијат со четка и паста за заби се чистат само три површини од забот (од вкупно пет). На останатите две (меѓу забите) површини им е потребна особена грижа, бидејќи таму најмногу се натрупуваат наслаги и храна.
Бидејки тие простори се тешко достапни за хигиена, се препорачува употребата на интердентални четки. Тие четки стигаат до аглите и вдлабнувањата на меѓузабните простори. На тој начин всушност се контролираат наслагите на местата кои не можат да се исчистат со конци.

Забните конци треба да се употребуваат во случаите каде има тесни меѓузабни простори.
За да се контролира квалитетното миење на забите и воопшто усната хигиена, може да се користат индикатори - различни таблетки или раcтвори кои ги обојуваат местата каде има наслаги.

Здрави заби за цел живот
Тоа не треба да е само мечтаење, туку ЦЕЛ кон која треба секој да се стреми. Тоа би се постигнало со два пати дневно миење на забите, користење конци за заби, правилно хранење и редовно професионално чистење на забите кај стоматолог.

Професионалното чистење на забите е манипулација која се изведува од вашиот стоматолог и вклучува отстранување на сите меки и тврди наслаги на забите. Манипулацијата се извршува со ултразвучни апарати, рачни инструменти, полирање со гумичка, четка и паста. Стремежот за отстранување на наслагите и забниот камен постои поради тоа што тие се основните фактори за пародонтопатии.

Грижата за забите резултира со: здрави непца, пријатен здив, бели заби и блескава насмевка.

1. Што се забите???
Забите се органи како и сите други органи во организмот на човекот. Нивната функција не е само да учествуваат во процесот на џвакање на храната туку тие се составен дел од нормалната физиономија на лицето како многу важен естетски момент, но исто така учествуваат и во фонетиката односно говорот. Со оглед на бројните функции кои ги имаат забите, губењето и на еден заб во забната низа би значело нарушување на оралната рамнотежа и низа последици по преостанатите заби но и генерално по општото здравје. Меѓу другото кај луѓето со нарушено орално здравје се јавува еден социјално-економски-психолошки проблем.
• Социјален проблем - бидејќи со губење на забите доаѓа до нарушување на изгледот, непријатен мирис од устата , намалена комуникација со околината.;
• Економски проблем - бидејќи проблемите со забите носат и реперкусии по работната способност на индивидуата, бидејќи секоја болна состојба ја намалува способноста за извршување на работните обврски, губење работни денови и намалување на месечните придонеси, и трошоци за рехабилитирање на компромитираното забало и негово санирање;
• Психолошки проблем - бидејќи кај луѓето со нарушено орално здравје настанува една интравертност односно повлекување во себе како еден синдром на намалена вредност во општеството;
• Медицински проблем - бидејќи нарушеното орално здравје носи реперкусии и по општото здравје и ја нарушува биорамнотежата на целиот организам;

buzzfeed.com

15 Slightly Horrifying Teeth Facts That'll Make You Brush Right Now

http://www.buzzfeed.com/carolinekee/whatever-you-do-stay-flossy#.al8YZYlOjB

buzzfeed.com Run your tongue over your teeth and feel that nice, fuzzy bacteria biofilm.

Good Morning !

FEEL BEAUTIFUL INSIDE AND OUT !

DENTAL ART PLUS ! Zakazete termin na Tel: 078-689-204

PZU Dental Art Plus's cover photo

Dental Art Plus vi gi cestita Novogodisnite i Boziknite praznici so zelbi za mnogy sreka, ljubov, zdravje i nasmevki!

Everybody needs shiny smile :)

All I Want for Christmas is My Two Front Teeth

https://www.youtube.com/watch?v=WI02_UJ1C6I :)

Melissa Lynn sings... All I Want for Christmas is My Two Front Teeth - Al Alberts Showcase - originally recorded: 12/01/1986

WTA

https://www.facebook.com/WTA/videos/10154359990061102/

The smile is the one that makes you most beautiful ! :) Keep smiling :)

2015 WTA Social Fan Favorite Video of the Year? ▶️

WTA Emojis--> http://wtatenn.is/se2OdJ 😃😘😜😎😱

PZU Dental Art Plus's cover photo

50% NOVOGODISEN POPUST za zdrava i bleskava nasmevka ! Ultrazvucna obrabotka na zaben kamen,poliranje i subgingivalno peskarenje (Air flow) na vasite zabi !
Zakazete termin na Tel :078 689 204
DENTAL ART PLUS SE GRIZI ZA VASATA NASMEVKA !

Have a nice weekend !!

Novogodisnite praznici se odlicno vreme za razubavuvanje na vasata NASMEVKA :)

PZU Dental Art Plus's cover photo

PZU Dental Art Plus

BLESKAVATA NASMEVKA E SEKOGASH VO TREND !

PRECEKAJTE JA NOVATA GODINA SO BISERNO BELA NASMEVKA !

Podarete si vistinsko zadovolstvo na vas i na vasite najbliski ,so specijalen tretman na izbeluvanje na zabite koj sto e apsoluten hit pred novogodisnite praznici!
I pokraj golemiot izbor na izbeluvacki preparati na pazarot, profesionalnot belenje na zabite so specijalni preparati vo stomatoloskata ordinacija nudat dokazano najgolemi i vidlivi rezultata za kratko vreme.Za istiot tretman se koristat specijalni gelovi za belenje i lampi kako i gelovi za zastita na zabite posle belenje od hiper senzitivnost .Za site onie koi sto sakaat besprekorna nasmevka zakazete termin i zdobijte se so bleskava nasmevka za Novogodisnite praznici ! Tel.078 689-204 Dental Art Plus

s-media-cache-ak0.pinimg.com

s-media-cache-ak0.pinimg.com

s-media-cache-ak0.pinimg.com

Mr Bean - Dentist

https://www.youtube.com/watch?v=fQyhxULzA0w Imajte ubav den :)

Mr Bean visits the dentist to have his tooth replaced. He plays with all of the dentist equipment and knocks himself out. From animated episode Toothache. SU...

Start your week with a smile on your face !Good morning :)

Want your business to be the top-listed Dentist in Bitol?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

About   Contact   Privacy   FAQ   Login C