D-r Tomislav Vasilevski

МИКРОСКОПСКО НАЈСОВРЕМЕНО ПЛОМБИРАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА КОРЕНСКИ КАНАЛИ

mikroskopskastomatologija.com 18/04/2016

Овој случај е срам за нашата професија! | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com Да зависеше од мене би го забранил класичното лекување на коренски канали, затоа што не е во ред да одите на стоматолог за да си го излекувате забот а да си одите од таму со скршен инструмент во каналот и уште да бидете излажани дека лекувањето е успешно! Нажалост кај нас ова се случува многу често…

mikroskopskastomatologija.com 04/04/2016

Последици после вадење на заб (видео)? | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com Една од најчестите причини за загуба на заб е класичното лекување на коренски канали – „вадење на живец“. Загубата на само еден единствен заб води до дефект во забната низа. Доколку не се третира тој дефект (со имплант или мост) ќе доведе до разместување на забите, кои се соседни на дефектот како и…

mikroskopskastomatologija.com 28/03/2016

Современо естетско пломбирање на предни заби | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com     Tags: естетско пломбирање, пломбирање заби, пломбирање на заби Сподели:

mikroskopskastomatologija.com 21/03/2016

Вакa „умртвени заби“ подобро да немате во уста! | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com Не дозволувајте ова да ви се случи и вас, затоа што има начин забите да се излекуваат правилно! Ако не можете финансиски да си го дозволите микроскопското лекување тогаш подобро е да останете без заб отколку со инфекција во уста! Овие заби што ќе ги видите на сликите беа без симптоми и можеа уште до…

mikroskopskastomatologija.com 14/03/2016

Како правилно да се чистат забите? | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com Редовното четкање и чистење на просторот помеѓу забите со интердентални четки е најважно од се!  Користете мека четка за заби и четкајте нежно без многу притискање затоа што нема да ги исчистите забите подобро ако притискате многу, така може само да ја оштетите глеѓта и непцето. Немојте да ги миете…

mikroskopskastomatologija.com 29/02/2016

Како НЕ треба да изгледа заб со „изваден нерв“ на рентген снимка? | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com За ендодонтското лекување да биде успешно каналите треба да се обработат и наполнат до самиот крај. За тоа е потребна и соодветна опрема (микроскоп, кофердам, ендомотор, апекс локатор, апарат за топла гутаперка, дигитален ренген) без која не може да се замисли современото ендодонтско лекување, што н…

mikroskopskastomatologija.com 15/02/2016

Современо естетско пломбирање на предни заби | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com 1. Пред почеток на третманот. Причина за реставрацијата е неправилната положба и неестетскиот изглед на горните предни шест заби. 2. Изолација на забите со кофердам (пациентот може слободно да го движи јазикот без да ја попречува работата на стоматологот, забите кои се пломбираат не се во контакт со…

mikroskopskastomatologija.com 08/02/2016

Што е кофердам и зошто се користи? | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com   За правилно да се пломбира или излекува еден заб потребно е да се обезбеди суво работно поле. За да се постигне тоа забите се изолираат со кофердам. Тој се состои од гума и прстен кој ја држи гумата за забите.     Бенефиции од употребата на кофердам: стоматологот има подобра видливост и прегледнос…

mikroskopskastomatologija.com 01/02/2016

Класично vs. Современо лекување на коренски канали – „вадење на живец“ | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com На рентген снимките може да се види разликата помеѓу класичното и современото (микроскопско) лекување на коренски канали. Пред почеток на третманот на снимката се гледа дека забот е „лекуван“ со класичната метода (недоволно проширени, обработени и наполнети два канали – со бела боја се гледа полнење…

mikroskopskastomatologija.com 25/01/2016

Микроскопски Интервенции | Д-р Томислав Василевски

mikroskopskastomatologija.com Естетска реставрација Модерна ендодонција Надоградба на заби Отстранување на метални колчиња Отстранување на скршени инструменти Затворање на перфорации со МТА Контакт Лавчанска Корија 3, 7000, Битола, МК 047 227 511 075 877 020 Нашата успешност и професионализам – ваша 10 годишна гаранција за приро…

mikroskopskastomatologija.com 28/12/2015

Д-р Томислав Василевски | Микроскопска стоматологија

www.mikroskopskastomatologija.com

mikroskopskastomatologija.com Микроскопски Интервенции Естетскa реставрација Естетско пломбирање со високо квалитетен нано копмозит Повеќе Модерна ендодонција Најсовремено лекување на коренски канали Повеќе Надоградба на заби Надоградба на забите со фибер колчиња (невидливи, високо естетски) Повеќе Отстранување на метални колчињ…

26/09/2015

МИКРОСКОПСКО ЕСТЕТСКО ПЛОМБИРАЊЕ (INJECTION MOLDING)

05/08/2015

МИКРОСКОПСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА СКРШЕН ЕНДОДОНТСКИ ИНСТРУМЕНТ ОД КАНАЛ

1. Пред почетокот на третманот на снимката јасно се гледа резултатот од класичното лекување на коренските канали: скршен ендодонтски инструмент во еден од трите канали и недоволно проширени и наполнети канали до крајот на коренот (полнењето во каналите на снимките се гледа во бела боја)

2. Ендодонтскиот инструмент е отстранет со помош на микроскоп и ултразвук

3. На снимката се гледа дека ендодонтскиот инструмент е успешно отстранет од каналот

4. После микроскопското лекување каналите се проширени и наполнети тродимензионално со топла гутаперка до крајот на коренот

11/07/2015

УСЛУГИ - МИКРОСКОПСКА СТОМАТОЛОГИЈА

11/07/2015

ПОСТАПКА ПРИ „INJECTION MOLDING“ МИКРОСКОПСКО ЕСТЕТСКО ПЛОМБИРАЊЕ СО BIOCLEAR АНАТОМСКИТЕ МАТРИЦИ НА DR.DAVID CLARK

[03/03/15]   МОДЕРНА ЕНДОДОНЦИЈА
(Најсовремено микроскопско лекување на коренски канали)

1.Што е ендодонција?
Ендодонцијата (исклучително важен дел од стоматологијата кај нас многу често потценуван) се занимава со болестите на забната пулпа, нивна дијагноза и третман. Забната пулпа (она што кај народот е неправилно познато како „нерв или живец“ на забот) се наоѓа во внатрешноста на забот во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло,студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво.

2.Кога имаме потреба од ендодонција?
Најчестите знаци се присуството на болка, долготрајна чувствителност на ладно или топло, чувствителност при допир и џвакање, потемнување на забот, оток на лимфните јазли или во областа над забот. Отсуство на болка не значи дека проблемот не постои. Во тој случај единствено со рентгенска снимка може да се докаже процесот во пулпата.

3.Зошто треба да се направи ендодонтски третман?
Ендодонтскиот третман е постапка при која се отстранува забната пулпа, се чистат и прошируваат коренските канали и се затвораат со трајно полнење. Тоа се прави кога забната пулпа ќе се воспали и инфицира, најчесто поради нелекуван кариес. Ако не се лекува, инфекцијата ќе се рашири на околното коскено ткиво, забот ќе се разниша бидејќи ќе дојде до разорување на коската околу него. Таквиот заб претставува потенцијална опасност за организмот - фокус или жариште. Штетните продукти од фокусот можат да предизвикуваат заболувања на различни органи и системи.

4.Микроскопско лекување на коренски канали
Со микроскопското лекување забите можат да бидат успешно излекувани и зачувани за разлика од класичното лекување со кое успешноста е многу мала и е најчеста причина за вадење на забите.
Ништо не може да го замени вашиот природен заб дури ни најсовремените технологии за изработување на мостови и импланти, затоа направете се што е возможно за да го зачувате пред да се решите за негово вадење.

28/02/2015

ПОСТАПКА ПРИ МИКРОСКОПСКО ЛЕКУВАЊЕ НА КОРЕНСКИ КАНАЛИ

18/02/2015

МИКРОСКОП - го зголемува видното поле од 2.8x до 25.6x со што се овозможува најпрецизна дијагностика, пломбирање и лекување на коренски канали

18/02/2015

КОФЕРДАМ - забот кој се пломбира не е во контакт со плунката, пациентот може слободно да го движи јазикот без да ја попречува работата на стоматологот, само така површината на забот останува сува и чиста кое е многу важно за долготрајноста на врската помеѓу забот и пломбата / работа во асептични (стерилни) услови при лекување на коренски канали - нема можност за инфекција на каналите, забот кој се лекува не е во контакт со бактериите од усната празнина

[01/07/15]   ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО МИКРОСКОПСКОТО ЛЕКУВАЊЕ НА КОРЕНСКИ КАНАЛИ Е УСПЕШНО ЗА РАЗЛИКА ОД КЛАСИЧНОТО

1. Работа со микроскоп - го зголемува видното поле до 25 пати со што се овозможува најпрецизно ендодонтско лекување и откривање на сите канали. Има канали кои не се видливи со голо око. Доколку не се најде и само еден единствен канал лекувањето нема да биде успешно.

2. Работа во асептични (стерилни) услови. Забот кој се лекува се изолира од останатиот дел од усната празнина со кофердам - нема можност за инфекција на коренскиот канален систем (забот не е во контакт со плунката, меките ткива и бактериите од усната празнина), има подобра видливост и прегледност. Пациентот може слободно да го движи јазикот и да голта без да ја попречува работата на стоматологот.

3. Прецизно одредување на должината на коренските канали со апекс локатор и механичка обработка со ендомотор и флексибилни проширувачи со кој лесно се обработуваат закривените и тесни канали до самиот врв на каналот. Нема опасност од аспирација (голтање) на проширувачите - забот е изолиран со кофердам.

4. Хемиска обработка на каналите - има услови за обилно испирање на каналите со раствори за дезинфекција, нема опасност од аспирација (голтање) на растворите затоа што забот е изолиран со кофердам. Растворите за испирање претходно се загреваат на 60°C и се активираат со ултразвук по апликацијата во каналот со што се подобрува уште повеќе нивната ефикасност во уништувањето на бактериите.

5. Тродимензионално полнење на каналите со топла гутаперка која се топи на 200°C, со која освен главниот канал се полнат и помошните латерални каналчиња.На овај начин каналот се затвора херметички и е непропустлив за бактерии.

[12/26/14]   Знам дека на многу од вас ова можеби нема да им биде интересно, но доколку одвоите неколку минути од вашето време информациите кои ќе ги најдете тука ќе ви разјаснат некои работи во врска со ендодонцијата.

Најпрво морам да нагласам дека многу се нервирам кога ќе слушнам: „овај ми е умртвен заб не може да ме боли“ или „на овај заб ми е ваден живецот не може да ме боли сигурно е некој друг“- напротив баш таков заб може да ве боли најмногу ако не е правилно излекуван, а тоа е најчеста причина за вадење на забите.

Значи тоа „вадење на живец или умртвување на заб“ не е само еднаш или двапати да „боцни“ стоматологот со иглата во каналот и готово за пола час живецот е изваден! Докторот си заштедил на време и нерви, а пациентот задоволен со толку кратка и неисцрпувачка интервенција.

Токму поради неинформираноста на пациентите тие самите ја сносат штетата од ваквите интервеции. Треба многу повеќе часови работа за таквиот заб да биде правилно излекуван, а со тоа и зачуван за многу долго време.

Проблемот е што неправилно излекуваниот заб најчесто е без симптоми неколку месеци или години (во тој случај само со снимка може да се открие процесот - инфекцијата) но после тоа се јавуваат проблемите: болки, гноење, оток и на крај вадење на забот.

Прашањето после е докторе зошто се случи ова? Супер ми беше забот толку време не ме болеше? Да, затоа што некое време организмот се борел со таа инфекција, а сега веќе не може да се бори и тоа е проблемот. А да не зборуваме дека таквиот заб претставува потенцијална опасност за организмот - фокус или жариште. Бактериите многу лесно можат да пронајдат пат до крвотокот и да предизвикаат цела низа хронични болести.

Затоа постои микроскопското лекување на коренски канали со најсовремена опрема кое има многу висок процент на успешност за разлика од класичното лекување кое е најчеста причина за вадење на забите и кое кај нас масовно се користи нормално поради финансиски причини кои јас лично не ги оправдувам затоа што последиците потоа можат да бидат многу полоши и од финансиска - најдобра замена за извадениот заб е имплантот кој е многу поскап од микроскопското лекување и од здравствена гледна точка - загубата на само еден единствен заб води до дефект во забната низа.

Доколку не се третира тој дефект (со имплант или мост) ќе доведе до разместување на забите, кои се соседни на дефектот како и оние кои се над (под) него. Забите се придвижуваат со цел да го пополнат празното место, а со тоа се нарушува џвакањето и чистењето на забите. После тоа е многу тешко да се санира тој дефект. Со еден збор современата ендодонција која е многу важен дел од стоматологијата кај нас е многу често потценувана!

02/12/2014

Advanced Isolation Technique

https://www.youtube.com/watch?v=u3BNm7wJLhc

02/12/2014

Timeline Photos

doktori.mk 10/09/2014

Каде грешите во миењето на забите?

http://doktori.mk/element/view/5290f4527752a/Kade-gresite-vo-mienjeto-na-zabite

doktori.mk На вашите заби после секој оброк останува киселина, а четкањето на забите веднаш после оброкот ја ослабува...

01/09/2014

How to brush your teeth

https://www.youtube.com/watch?v=sFbJG7d1DVU

Brushing method

01/09/2014

how to floss

https://www.youtube.com/watch?v=erCPTXtIvnA

learn proper flossing technique.http://www.pediatricdentists.blogspot.com

23/08/2014

Root Canal Treatment Step by Step

https://www.youtube.com/watch?v=nDlS72Dt93s

Need a root canal? Don't be anxious. This video will walk you step-by-step through the procedure and explain how endodontists, the root canal specialists, ca...

17/01/2014

Root Canal-Dental

http://www.youtube.com/watch?v=YfQe1QzeDIY

Root Canal Therapy explanation

17/01/2014

Modern Root Canal Technique Using the Advance Protaper Technology

http://www.youtube.com/watch?v=YuP5_dJElVs

Learn more about a modern root canal therapy technique by watching this video from Protaper. Capital Smiledocs Dental Centre is proud to provide comprehensiv...

17/01/2014

Root Canal Filling Procedure (5min.).wmv

http://www.youtube.com/watch?v=BmSjOwPRRo8

Root canal filling procedure with Dia-Pen and Dia-Gun

dentalfearcentral.org 06/10/2013

Breathing and Swallowing with the Rubber Dam

http://www.dentalfearcentral.org/faq/rubber-dam/

dentalfearcentral.org A rubber dam or dental dam is a rectangular sheet of latex used by dentists, especially for root canal treatment, but also for things like tooth-coloured fillings.

endoruddle.com 05/10/2013

3-D Obturation - Vertical Compaction Clinical Op

http://www.endoruddle.com/jit/detail/486/3-D+Obturation+Vertical+Compaction+Clinical+Op?cat=3

endoruddle.com This show will focus on how to fill root canal systems utilizing the warm gutta percha with vertical...

endoruddle.com 05/10/2013

Broken Instrument Removal - Animation & Clinical Op Sequence

http://www.endoruddle.com/jit/detail/98/Broken+Instrument+Removal?cat=3

endoruddle.com Every clinician who has performed endodontics has experienced a...

endoruddle.com 05/10/2013

Microscopes in Dentistry - Prioritizing for Success

http://www.endoruddle.com/jit/detail/1010/Microscopes+in+Dentistry+Prioritizing+for+Success?cat=3

endoruddle.com This Just-In-Time video segment represents a release from the "Conversations with Cliff" series...

Location

Category

Address


Ul.Lavchanska Korija Br.3
Bitol
7000
Other General Dentists in Bitol (show all)
PZU Vizija-Dent Dr Mitko Gizdovski PZU Vizija-Dent Dr Mitko Gizdovski
Gorno Orizari
Bitol, 7000

stomatoloshka ordinacija po opshta stomatologija

Stomatoloska Ordinacija Andreevski Stomatoloska Ordinacija Andreevski
Sveti Naum 1/1
Bitol, 7000

DENTAL OFFICE WWW.DENTOFFICE.COM.MK

Стоматолошка ординација ПЗУ Маестро-Дент Стоматолошка ординација ПЗУ Маестро-Дент
Smilevski Kongres 19
Bitol, 7000

Стоматолошка ординација по општа стоматологија ПЗУ Маестро-Дент Д-р Ферди Адемоски

Stomatološka ordinacija D-r Dinevski Stomatološka ordinacija D-r Dinevski
Dovledzik 116
Bitol, 7000

Хирургија, протетика, лечење на заби, пломби, белеење, импланти - бренд Alpha - Bio Tec

PZU D-r Shtrkovski PZU D-r Shtrkovski
Marijan Bozinovski 33
Bitol, 7000

ПЗУ Д-р. Штрковски, представува здравствена установа која нуди услуги од областа на стоматологијата.

AA Dental AA Dental
Cane Vasilev 3
Bitol, 7000

Dental Care Bakrevski Dental Care Bakrevski
Kliment Ohridski 27 (Pelagonka 2)
Bitol, 7000

Стоматолошка ординација со најсовремена опрема предводена од Д-р Бакревски Горан.

PZU Prodent PZU Prodent
Kanino Br.4
Bitol, 7000

PZU Kulevski PZU Kulevski
Filip II Makedonski, Br.35, Stan 1
Bitol, 7000

00389 78 561 430 00389 71 249 523