Stomatoloska Ordinacija Dr-Bejkovski

Стоматолошка ординација со заботехничка лабораторија.

Operating as usual

Почитувани,
Денешниов случај е кај девојче на 11 години, се работи за долен лев шести заб, претходно пломбиран со лоша композитна оптурација и секундарен кариес кој предизвикал воспаление на пулпата(живецот), па мораше да се лекува ендодонтски. Иако тоа не беше лесно, борејки се со тешкотијата од самата интервенција и со карактерот на девојчето, сепак успеавме да го излекуваме забот на највисоко ниво и сега прогнозата на овај заб е одлична.
Ви благодариме на довербата.
Пријатен ден🙂

Добар ден, почитувани.
Денес ви претставуваме еден случај на заб 36, претходно недоволно добро ендодонтски лекуван и со изработена непрецизна коронка. Пациентката дојде кај нас пред 18 месеци по дополнително мислење, откако претходно неколку стиматолози и предлагале забот да се извади и да се направи мост врз преостанатите соседни заби. Пациентката беше со болка и сериозен оток од тој заб, Ние согледувајќи ја целокупната состојба решивме да му дадеме шанса на овај заб и пристапивме кон релекување. Денес 1,5 години покасно забот е во одлично здравје и функција.
Слики:
1. Предоперативна.
2.Интраоперативна(контролна рентгенографија, за враме на полнењето).
3.Контролна(18 месеци постоперативно).
4. Мостот на Црн Дрим кај Св. Наум.
Уште многу вода ќе протече под овај мост додека кај пациентката дојде до потреба да се направи мост или имплант на лекуваниов заб, а можеби никогаш.
Тимот на ПЗУ"Д-р Бејковски Ви благодари на довербата и Ви посакува пријатен ден🙂

Добар ден почитувани.
Денес ви претставуваме еден сложен случај, кој со големо трпение од страна на пациентката и сериозен вложен труд од наша страна, успеавме да го изработиме на едно високо ниво.
Објаснување за сликите под реден број:
1. Почетна ситуација, забите претходно биле испрепарирани и пациентката имала мостови.
2. Ситуација пред цементирање на новиот мост(неколку месеци по првата слика).
3. Привремен мост, сликан по неколку месечна употреба со цел добро заздравување на тврди и меки ткива по извршените хируршки процедури. Пациентката употребува голема количина на цигари, за кои по нашите совети беа направени повеќе обиди за откажување од истите, но за жал безуспешни.
4. Дефинитивен, металокерамичен мост, сликан неколку дена по цементирање.
Ве поздравуваме, со совет за редовно да се грижите за вашите заби и да доаѓате на време на контролни, превентивни прегледи, за да ваквите ситуации бидат реткост а не секојдневие.

Почитувани,
случајов што денес ви го прикажуваме е од деновите по карантинот, кога повторно ни беше дозволено да работиме.
Жена, која доаѓа со цел лекување на долен десен петти заб, а при неговото лекување и рентген снимки, откриваме инсуфициентен претходен третман на соседниот заб 46, предложивме да го излекуваме и него, па со дозвола на пациентката тоа и го направивме. Лекувањето беше во неколку посети, а на второто доаѓање зборовите на пациентката беа следните: - "Прв пат по три години и променети неколку стоматолози, овај заб не ме боли".
Изборот е секогаш ваш, но доколку сакате здрави заби, изберете не нас!
Тимот на д-р Бејковски

✅ Најубавиот период од животот е оној, кој доправа треба да го живееме. Внесете дополнителен квалитет во вашите животи, разубавете ја вашата насмевка, затоа што и убавата насмевката е како убавиот збор - железни врати отвора🙂
#smile #smilemore #newsmile #SmileOn #smilemakeover #perfectsmile #dentist #dentistry #gooddentist #prosthetics #newteeth #moderndentistry #feelgreat

Почитувани,
нашите залагања не се само да направиме нови заби, наш приоритет е комплетното разубавување на вашите насмевки, респектирајќи ги подеднакво белата и розевата естетика.
Благодариме на довербата, ние постоиме за Вас.
ПЗУ " Д-р Бејковски"

Драги пријатели, пациенти, соработници..., во ова кризно време, нашата работа мораме да продолжиме да ја извршуваме онака како што најдобро знаеме и умееме. Вашето и нашето здравје од секогаш ни биле на прво место, затоа продолжуваме со засилени заштитни асептични и антисептични мерки, да креираме нови, убави насмевки на вашите лица.
Целиот наш тим, Ви посакува пријатен викенд и секое добро.

[03/16/20]   Драги пациенти, пријатели, колеги, соработници и т.н., сакаме да ве информираме дека, со оглед на новонастанатата ситуција , во овие денови , кога има сериозна закана по здравјето на сите нас, по препорака на Министерството за здравство и по наша лична проценка, одлучивме дека повеќе ќе допринесеме за севкупното здравје на сите нас, доколку престанеме со редовниот ритам на работа.Во наредните денови јавете се на тел. 075791492, само за итни и неодложни случаи.

Апелираме, во следниов период сите да бидеме социјално одговорни, останете дома, посветете го времето на себе, на вашите најблиски, читајте, научете нешто ново, вежбајте... и најважно останете во добро здравје.
Со почит и до скоро - ПЗУ д-р Бејковски.

[03/08/20]   Еден ден Господ бил расположен и решил да распредели убави жени по светот, е така за задоволство на машката половина.Наполнил еден авион со прекрасни убавици и тргнал по светот Франција, Германија, Полска, Чешка, Русија, Романија и насекаде оставал дел од нив.Кога стигнал до Македонија, ништо не оставиле.Ами овде Дедо Боже?- прашал еден од ангелите што му помагале.
-Ама што ти е тебе, ние од овде ги товараме.- одговорил Господ.
Среќен празник мили дами🌷❤

Почитувани, добар ден😊
Денес ве поздравуваме со слики од пред и после нашата интервенција, врз насмевката на една наша пациентка.Таа повторно се смее со широко отворена уста, смејте се и вие, затоа што животот е еден и е убав.Пријатен ден😊

Добар ден почитувани.
Денес ви претставуваме еден случај со затворање на дијастема( растојанието помеѓу двата горни централни инцизиви).Користен е нано-композит, без никаква препарација на забите, т.е. апсолутно неинвазивно, а за резултатот преценете сами.
За насмевки кои пленат и траат, закажете термин кај нас.
Целиот тим Ви посакуваме пријатен ден и среќен празник на оние што денес го слават Христовото раѓање.

Почитувани,
денес повторно ви прикажуваме еден ендодонтски случај.Претходно третиран четврти заб горе лево, со сериозна периапикална коскена лезија, која е откриена на дигитална рентген снимка.Направивме машинска ревизија на лекувањето и на контролната снимка после 10 месеци се забележува осифицирање на лезијата, т.е. оздравување.
Отсуство на болка не значи и здрави заби, грижете се за своите заби, правете редовни стоматолошки прегледи.
Тимот на ПЗУ" Д-р Бејковски" ве поздравува и ви посакува среќна и успешна работна седмица.😊

Почитувани,
денес ви претставуваме еден ендодонтски случај на 14 претходно лекуван, недоволно квалитетно, и како резултат на преостанатата инфекција се оформил периапикален процес.2 години по извршеното релекување се забележува комплетно оздравување и повлекување на лезијата.
Отсуство на болка не значи и здрави заби, имајте го во предвид.
Ве поздравуваме😊

Почитувани,
денес ви претставуваме еден случај кај млада жена, која побара од нас да направиме нешто со нејзините заби со цел подобар изглед на нејзината насмевка.Извршени се интервенции како врз мекото ткиво(со цел подобрување на гингивалната естетика), така и врз тврдото забно ткиво, а крајниот резултат можете и самите да го погледнете.
Ние ги враќаме насмевките на вашите лица, добредојдени сте.
Имајте пријатен ден и лесен почеток на работната седмица.

Добар ден почитувани.
Со следниов случај е прикажана промена на линијата на насмевката, која е постигната со издолжување на клиничните коронки во гингивална насока, за после тоа да би се гледала помалку гингива, при широка насмевка.Потоа се изработени безметални керамички изработки на предните заби.
Доколку сакате ваква животна промена на насмевката ние сме секогаш тука за вас.
Тимот на ПЗУ" Д-р Бејковски ве поздравува и ви посакува пријатен и успешен ден, исполнет со насмевки😊

Заби со големи периапикални лезии, денес не се проблем за лекување, доколку се примени современ ендодонтски третман на истите и се посвети доволно време и грижа од обучен стоматолошки кадар кој располага со апарати, инструменти и материјали од последно поколение.
Не се откажувајте лесно од своите заби, не се согласувајте брзо за екстракција, проверете ги сите можни начини за да болните заби се излекуваат и останат да функционираат во забниот низ.
Денешниот случај е уште еден доказ повеќе за погоре напишаното.Седми заб долу лево, пациентката доаѓа со гноен оток и уште само 1 ден престој во Македонија.Извршена е механичка и хемиска обработка на 4 коренски канали и времено меко полнење.2 месеци покасно, кога пациентката се врати за да довршиме со лекувањето, забот си беше наполно функционален, а периапикалните лезии ги нема веќе.
Нашиот тим ве поздравува и ви посакуваме пријатен викенд😊

VIP NA 1 DEN BETI TOSHEVSKA DEL 2 10 04 2019

Вториот дел од емисијата со наше учество.

VIP NA 1 DEN BETI TOSHEVSKA DEL 1 03 04 2019

Почитувани, на линкот подолу можете да ја погледнете првата епизода од емисијата каде што нашиот тим придонесе за разубавување на насмевката кај Елизабета Тошевска.
Комплетната и неверојатна трансформација на кандидатката погледнете ја вечерва, во втората епизода на Вип на еден ден, на 24ТВ во 19:15 .

Добро утро од Битола.
Акутен периодонтит на долен лев умник, претходно лошо ендодонтски лекуван.Пациентот се жали на силна постојана болка од овој заб веќе два дена, болка при допир на самиот заб, болка при слаба перкусија и не многу силна болка на палпација вестибуларно.
Анестезија, отстранета стара оптурација, направено пре-ендо композитно изградување, поставена изолација со кофердам.
Двата канали обработени до F2 Protaper Gold.Иригација ЕДТА, натриум хипохлорид 5.25 % со ултразвучна активација и физиолошки раствор.Калциум хидроксид за една седмица и потоа дефинитивно полнење со Bio Root и гутаперка.Болка се чуствувала уште еден ден потоа, дедени се аналгетици без антибиотик.Неколку дена по завршување на лекувањето забот е наполно асимптоматичен.Засега е со композитно полнење, планирана е коронка или мост.
Ве поздравуваме и ви посакуваме убав ден😊

[04/03/19]   Почитувани, доколку сакате да видите една разубавена насмевка за која заслуга има и нашиот тим, вечерва гледајте ТВ 24 во 19:15.

Добар ден, драги пријатели.Денес е денот на шегата , по тој повод еден виц:
"Разговараат двајца познаници за нивните стравови:
- Од што ти е страв тебе?
-Од темница и од стоматолог.
-Ај од стоматолог јасно ми е, на многу им е страв, но зошто од темница?
-Ами од кај да знам во темното колку стоматолози може да се појават?"😊😊😊
Не, стоматолозите не сме страшни, ова е само виц😊.Да се пошегуваме никогаш не е на одмет, но кога станува збор за здравјето на вашите заби ние сме апсолутно сериозни.
Денешниот случај e иреверзибилен пулпит на долен шести заб десно.Поставен кофердам, машинска ендодонција со Protaper gold, иригација со натриум хипохлорид 5.25%, ЕДТА 17%, физиолошки раствор и активација со ултразвук.Каналите се полнети со биокерамика+гутаперка.Нас белите линии(на РТГ) ни се важни.
Изберете не нас за целосно здравје на вашите заби.
Убава седмица😊

Добро утро почитувани.Во следниот случај се работи за субгингивална фрактура на палатинален ѕид на петти заб горе лево, кој е претходно лошо лекуван.Направено е композитно изградување на 4 ѕида, релекување, поставени 2 фибер колчиња и коронка.Со сето ова забот е повторно вратен во функција и со добра прогноза.
Правете редовни стоматолошки прегледи, најмалку 2 пати годишно, со тоа проблемите ќе се откријат на самиот почеток и нивното решавање е побрзо, полесно, со помалку посети, поевтино и со подобра прогноза за во иднина.Не чекајте да имате болка за да се јавите на стоматолог, тогаш е веќе касно.
Ве поздравуваме😊

Почитувани, насмевката е униврзален поздрав на сите светски јазици, затоа не дозволувајте било што да ве спречува често да се насмевнувате.Со почистување, полирање, малку избелување и изработка на две директни композитни фасетки, веќе имаме нова и поубава насмевка.За нас тоа е лесно, може да биде и за вас доколку не изберете.Ако вашата насмевка е несигурна поради изгледот на вашите заби, не чекајте повеќе и закажете термин на 075791492, ве очекуваме.
Тимот на ПЗУ "Д-р Бејковски" ви посакува сончев и пријатен неделен ден исполнет со безброј насмевки😊

Ние сме сериозни, кога станува збор за вашата насмевка.🇲🇰🇲🇰🇲🇰
We are serious about your smile.

#nanocompositefilling #toothwhitening #dentistinbitola #welovedentistry #newsmile #smilefactory #smilemakeover #создаваменасмевкикоипленатитраат

Почитувани, денес ви претставуваме ендодонтски случај.Станува збор за седми заб горе десно, кој бил носач на мост, па се развил кариес од дисталната страна, субгингивално, па мостот се одлепил и требаше забот да се лекува како би можел повторно да се користи за носач на мост.Направена е гингивектомија дистално, машинска обработка на каналите, забот е наполнет, без симптомен е и повторно е спремен за мост.Благодарност до пациентката за нејзината соработка и до колешката која ни го испраќа случајов за нејзината доверба.
Тимот на ПЗУ"Д-р Бејковски " ви поздравува и ви посакува успешен ден😊

Драги наши пријатели, добар ден.
Денес ви претставуваме еден счучај на релекување на горен лев петти заб, кој претходно бил со незадоволително полнење и како резултат на истото нестанал периапикален процес кој резултира со болка.На третата ртг, 14 месеци по ретретман, се забележува комплетно оздравување на периапикалните ткива на истиот заб и се разбира потполно функционален заб без симптоматика.
Ви посакуваме убав ден, грижете се за вашите заби, одржувајте добра орална хигиена и правете редовни стоматолошки прегледи 2-3 пати годишно.

Среќна Нова 2019-та Година

Почитувани
Денес ви претставуваме едно комплетно разубавување на насмевката.
Животот е поубав и посреќен кога се смеете.
Ви посакуваме пријатен викенд исполнет со безброј насмевки😊

Благодарност до администраторите и до сите останати членови на фејсбук групата Македонски стоматолози, за овогодинешното признание.Благодарност до сите останати чинители-соработници што придонесуваат , заедно да направиме успешни случаи кои што ќе можеме со гордост да ги покажеме пред колегите и сите останати.Благодарност до сите наши пациенти за довербата, на вас најмногу се должи оваа награда.Благодарност до моите дома, на кои што им скратувам од времето кое го заслужуваат ним да им го посветам, за да создавам успешни стоматолошки приказни.
Ве сакам сите.До нови успеси
Д-р Г. Бејковски

Добро утро.
Следниов случај е уште еден во низата успешно завршени ендодонтски лекувани заби, заедно со неговата контролна снимка по 6 месеци, каде се гледа комплетно оздравување на коскената лезија.
Тимот на на ПЗУ"Д-р Бејковски ви посакува пријатен викенд😊.

Почитувани,
здравјето на вашите заби не е само она што се забележува надворешно и е видливо со голо око.Уште поважно , ако не и најважно е она што се гледа само на рентген снимка.Следниот случај е еден заб, кој што е лошо претходно лекуван и како последица на тоа, настанал процес во виличната коска кој е хроничен и без симптими, без болка.Откако е откриен, при рентгенолошко испитување, пристапивме кон санирање на истиот, а на сликите е прикажана самата работа и комплетното заздравување на коската по неколку месеца.
Грижете се за вашето дентално здравје, правете редовни прегледи барем два пати годишно.
Ве поздравуваме и ви посакуваме убав ден, исполнет со безброј насмевки😊

Пациент кај кој насмевката на неговото лице, по стоматолошките интервенции кај нас, е многу почеста појава од предходно.
Насмевнете се и вие, затоа што нема облека, накит или друг украс, што може поубаво да го краси вашето тело од блескавата насмевка.
#extremesmilemakeover

Добар ден почитувани,
Денешниов случај е на наша млада пациентка, која побара од нас да направиме подобрување на естетиката на нејзините заби.Заеднички решивме претстоечкиот третман да биде минимално инвазивен.После исправувањето на забите по ортодонски пат, дополнителни интервенции (објаснети се под фотографиите) со цел максимално добар резултат се направени од нашиот тим.
Продолжуваме да создаваме насмевки кои што пленат и траат.
Ви благодариме на довербата и ве поздравуваме.😊
#Бејковски #безметалникоронки #нанокомпозитнипломби #убавинасмевки

Почитувани,
денес ви претставуваме уште една разубавена насмевка.Промена на два горни бочни мостови и соло коронки на инцизивите.Избелување на долните заби.
Тимот на ПЗУ"Д-р Бејковски" ве поздравува и ви посакуваат убав и успешен ден😊

Добро утро.Следниов случај е ендодонтски третман на долен лев шести заб.Хронично воспаление на пулпата(живецот), пациентот се жалеше на силна болка од студено, болка при џвакање...Пронајдени се 4 канали и сите се обработени машински со ротирачки инструменти, дезинфицирани и наполнети до крајна должина.Уште наредниот ден забот беше наполно функционален, без никаква симптоматика.Вака лекувани заби, доколку се исполнат и некои други услови, како добра пломба или коронка, добра орална хигиена и сл., можат да стојат во уста по десетици години, па се додека човек е жив.Затоа лекувајте ги забите, не ги вадете.Оваа процедура не е лесна за исполнување, бара соодветна квалификација на кадарот, дополнителна скапа опрема и потрошни инструменти и материјали, но ние сето тоа го имаме.Па повелете, добредојдени сте.
Ве поздравуваме😊

Want your business to be the top-listed Dentist in Bitol?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Location

Telephone

Address


Bataljon Stiv Naumov 24
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 13:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 13:00 - 20:00
Thursday 13:00 - 20:00
Friday 09:00 - 16:00
Saturday 10:00 - 14:00
Other Dentists in Bitol (show all)
БТ ДЕНТ, Стоматолошка и орално-хируршка ординација БТ ДЕНТ, Стоматолошка и орално-хируршка ординација
Ulica Cane Bujukovski, Br 9.
Bitol, 7000

БТ ДЕНТ, Стоматолошка и орално-хируршка ординација, Д-р Боро Тошески BT DENT, Dental Clinic, D-r Boro Tosheski

Ekstradent Ekstradent
Aleksandar Turundzev 5/68
Bitol, 7000

Stomatologija

PZU Beladent PZU Beladent
Darvinova Bb
Bitol, 7000

Стоматолошка ординација ПЗУ Беладент (Dental Office PZU Beladent)

Studio Dentist Lab Studio Dentist Lab
Lavcanski Pat Bb
Bitol, 7000

Zabotehnicka laboratorija

About   Contact   Privacy   FAQ   Login C